„Се пријавувам, и јас сум хулиган/ка”-ова е мотото на протестот
Граѓаните се собраа пред СЈО за новиот протест.
„Се пријавувам, и јас сум хулиган/ка"-ова е мотото на протестот на „Шарената револуција“.
Голем број на граѓани вечерва пред СЈО потпишуваат изјави дека боеле со „Шарената револуција“. Од оваа борба нема откажување, нема да не заплашат заканите и притисоците, велат тие.
И вечерва ќе бараат да се повлече аболицијата на претседателот, Ѓорѓе Иванов. Се протестира повеќе од 40 дена веќе седма недела.
Професорката Мирјана Најчевска и Уранија Пировска од Хелсиншки комитет ќе треба да платат казна од 50 евра за боење во рамки на „Шарената револуција“.
Слично
