Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се преврте чамец со мигранти: Морето исфрли тело на бебе и 5 лица на брегот на грчки остров

Се преврте чамец со мигранти: Морето исфрли тело на бебе и 5 лица на брегот на грчки остров

Чамец со бегалци се преврте во источниот дел на Егејското море, кај северниот брег на островот Кос, а спасувачите досега пронашле пет безживотни тела, вклучувајќи го и телото на мало бебе.

Крајбрежната стража наведува дека едно лице успеало да доплива до брегот и да повика помош. Преживеаниот навел дека во чамецот се наоѓале помеѓу шест и десет лица.

Во потрагата учествуваат патролен чамец на крајбрежна стража , чамец на Фронтекс, хеликоптер и група волонтери. Грчките источни острови кои се наоѓаат во близина на брегот на Турција, се главна рута по која преминуваат бегалците на патот кон Европа. Над стотици го изгубиле животот на тој пат.

Слично

Поврзани вести