СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС: На лице место загинаа 15 туристи
Најмалку 15 луѓе загинаа, а 27 се повредени oткако туристички автобус се превртел на автопат недалеку од Софија, информираа бугарските власти.
На лице место загинале 13 туристи, а двајца на пат кон болница, пренесуваат бугарските медиуми.
Автобусот превезувал туристи кои оделе на викенд патување во блиските одморалишта.
Несреќата се случила на 20 километри северно од Софија.
На местото на несреќата се наоѓаат 15 возила на брза помош од Софија, три од Враца и три од Моната, пренесе Бугарската националана телевизија – БНТ.
Нема информации за националноста на патниците. Дел од медиумите пренесоа дека се работи за пензионери. Владата го прогласи понеделник за Ден на жалост
Слично
