СЕ ПРЕПРАВАЛ ДЕКА Е МИГРАНТ ОД СИРИЈА И И ЈА УКРАЛ ЦЕЛАТА ЗАШТЕДА: Србин уапсен во Италија, лажел 80-годишна жена
Српскиот
државјанин Жикица Ф. (51) е уапсен денеска во Италија под сомнение дека претставувајќи
се дека е мигрант од Сирија за само 40 дена успеал да и ја украде целата
заштеда од осамена 80-годишна жена.
Како што пренесува Гачетино. ит, тој бил уапсен во Падова, кога отишол да ги земе парите од старицата.
- Таа кон средината на септември во црквата се сретнала со Жикица Ф. Тој и рекол дека е мигрант од Сирија и дека се вика Хасан Мустафа. Жената ги слушала проповедите на парохискиот свештеник дека секогаш треба да се биде љубезен кон сите, особено кон граѓаните кои не се од Европската унија, па лесно се спријателила со лажниот мигрант - пишува порталот:
Жикица Ф. постојано барал пари од осамената и беспомошна жена. Прво зел 700 евра за да отпатува во Берлин. Кога се вратил и се пожалил дека му требаат уште 4.800 евра за да ги врати двете деца во Италија бидејќи наводно биле блокирани на преминот - наведува порталот. Бабата ги дала и тие парите, а осомничениот рекол дека западнал во неволја, а границата ја поминало само едно дете.
- Му дала уште 4.800 евра, а побарувањата продолжувале секогаш кога доаѓал осомничениот. На крајот и рекол дека неговото дете се лекува во болница во Загреб, и му требаат уште 50.000 евра. Една недела подоцна, како што тој и кажувал, неговиот син починал, па му требале повеќе пари. Бабата немала повеќе пари, па отишла кај брат ѝ за да позајми - пишуваат медиумите:
Нејзиниот брат веднаш се посомневал и сфатил дека таа е измамена и ограбена, па пријавил во полиција. Се проценува дека српскиот државјанин ја оштетил старицата за 64.970 евра. На Србинот му е одредена мерка притвор, а судењето е закажано за 13 јануари.
