Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се преполовува цената на куќите и становите во Солун!

Се преполовува цената на куќите и становите во Солун!
Пазарот на недвижности во Грција работи со едвај една десетина од својот капацитет , а за време на кризата цените се намалија за повеќе од 30% , соопштија грчките медиуми. На наплата на овој пазар попречуваат честото менување на даноците на недвижности и бирократијата, заклучија учесниците на форумот „Враќање на инвестицијата“, кој оваа недела беше организиран во Атина од списанието RE + D ( Real Estate And Development ). „Владата настојува да ги отстрани бирократските бариери , а приоритет е решавањето на клучните прашања од земјишната политика“, тврди заменик- министерот за животна средина , енергија и климатски промени на Грција, Ставрос Калафатис . Цените на куќите во Грција од почетокот на кризата до сега се паднати за 30,8 отсто . Најголем пад на цените е регистриран во двата најголеми града - Атина и Солун. Во Атина падот на цените на недвижностите е 32 % , во Солун  39 % , во Патра - со 22 % , во Лариса - со 28% , во Ираклион - 22 проценти . Најголем проблем , како за пазарот на недвижности , така и за целата економија , се нефункционални кредити , кои изнесуваат вкупно 70 милијарди евра . Секој трет кредитобарател е под сомнение дека не ќе може да опслужува долгот .
Слично

Поврзани вести