Се преговараше со часови во Пржино, договор нема
И денеска на средбата во Пржино не е постигнат никаков договор.
Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав не се разочарани од денешната средба, затоа што сметаат дека разговорите биле конструктивни.Тие велат дека некогаш е потребно време за да се дојде до договор.
Во денешните разговори учествуваа заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Артан Груби до ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
Преговорите меѓу партиите ќе продолжат и наредните денови.
Иако се очекуваше дека по заминувањето на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд може брзо да се постигне договор меѓу партиите, сепак тоа не се случи.
Се разговарало за медиумите, прочистувањето на избирачкиот список, но и за специјално судско одделение. Ако се создадат услови, би можело избори да има во ноември и за ова се дискутирало вчера.
Средбата во Пржино денеска траеше пет часа.
