СЕ ПРЕГОВАРА ВО БРИСЕЛ: Дали Белград и Приштина постигнаа договор за регистарските таблички?
Белград и Приштина преговараат во Брисел, при што косовската страна кажа дека е постигнат договор, а српската демантира.
Главниот преговарач на Приштина Бесник Бисљими им кажа дека договор е постигнат во три точки. Првата точка предвидува на административните премини повеќе да не се одземаат табличките, ниту да се издаваат пробни таблички, и таа мерка треба да почне да се применува во понеделник. Втората точка предвидува формирање работни групи за трајно решавање на прашањето на слободата на движење. Третата точка се однесува на повлекување на специјалните единици на косовската полиција РОСУ, за на нивно место да дојде КФОР. Приштина повлекувањето на специјалците го условува со отстранување на барикадите кои ги поставија косовските Срби. Наведе и дека српската страна инсистира на тоа табличките на косовските Срби да останат во употреба, а дека приштинската страна е против тоа. Во тек е состанок на српската делегација со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак. Проблемот со табличките се појави пред 10 дена.
На фејсбук страницата на КФОР е наведено дека како одговор на неодамнешниот развој на настаните на северот на Косово, меѓународната мисија го зголемила бројот на патрили на административните премини Јариње и Брњак.
фото EPA-EFE
