Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПРЕДАДЕ НАЈБАРАНИОТ ХРВАТСКИ БИЗНИСМЕН: Тодориќ уапсен во Лондон

СЕ ПРЕДАДЕ НАЈБАРАНИОТ ХРВАТСКИ БИЗНИСМЕН: Тодориќ уапсен во Лондон

Најбараниот Хрват во овој момент, сопственик на концернот „Агрокор“ , кој се наоѓа на црвена потерница и се предаде на полицијата во Лондон, јавија хрватските медиуми.

Хрватската полиција утрово примила известување дека утрово во 9.04 часот по локално време Ивица Тодориќ е повикан во полициската станица Черинг крос во Лондон, каде и е уапсен по европски налог за апсење.

Тодориќ сам и се пријавил на полицијата и веднаш штом стигнал е уапсен. Неговите соработници очекуваат дека, по разговорот, тој со кауција, ќе биде пуштен да се брани од слобода.

Тодориќ во лондонската полиција дошол во придружба на своите британски адвокати.

Неофицијално, хрватските медуми јавуваат, Тодориќ овие денови собирал пари за плаќање на кауција за да се брани од слобода. 


Слично

Поврзани вести