Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПРАВИМЕ ПАТРИОТИ, АМА ПАК ОДИМЕ ТАМУ: Рекордни посети на Македонци во Грција!

СЕ ПРАВИМЕ ПАТРИОТИ, АМА ПАК ОДИМЕ ТАМУ: Рекордни посети на Македонци во Грција!

Колку и да се правиме патриоти, мора да признаеме дека повеќето од нас често ја посетуваат Грција.

Дали на летување, дали на шопинг во Солун, без разлика дали со автомобил или авион нашиот јужен сосед си ја полни касата од наши пари.

Последните податоци кои ги објавија грчките надлежни банки, а ги пресметала Банката на Грција покажуваат рекорди на посетеност.

Половина милион повеќе од 2014 , или вкупно 2 712 292 Македонци патувале во 2015 во соседна Грција.

Процентуално тоа значи зголемување на посетите за 26,1 отсто.

Најмногу се патувало со сопствен превоз односно со автомобил лани во Грција влегле 2.712.295 туристи , додека со воз натака патувале 2276 туристи.

Наспроти копнениот, воздушниот сообраќај или патувањето со авион кон нашиот јужен сосед е најмалку користено, а податоците покажаа дека 262 Македонци користеле авион за да стигнат до Грција. По воден пат пак 2 707 наши државјани патувале до Грција.

Претпоставките се дека Македонските државјани во Грција потрошиле околу една милијарда евра.

Зад нас, други странски државјани кои ја посетиле Грција лани се издвојуваат: Германците,Британците, Бугарите, Французите и Италијанците.

Без разлика на се, право на секој граѓанин е да летува и патува каде што сака, предрасуди не се потребни кога станува збор за привлечни дестинации кои заслужуваат да се посетат.

Се согласувате ли со нас?

Слично

Поврзани вести