Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се прават консултации за нови министри, потврди Димитриев

Се прават консултации за нови министри, потврди Димитриев

Премиерот Емил Димитриев изјави дека во тек се консултации за избор на нови министри и потврдува дека од ВМРО-ДПМНЕ нема најави за освежување и на нивниот тим.

Право на ДУИ е кои лица ќе ги повлече од позициите за министри и кого ќе определи и достави како предлози за избор на министри, изјави Димитриев за Телма.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Владата нема пристигнато најави или информација за промени на министрите од редовите на партијата и коалицијата за Подобра Македонија која ја предводи“ - додава тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски денеска во Струмица кажа дека нема да го менува тимот.  Рече дека е кратко времето за промени, но дека во идната Влада ќе има и нови министри.

Од СДСМ сметаат дека станува збор за уште една политичка игра меѓу двете партии. Генералниот секретар на партијата,  Оливер Спасовски во Штип изјави дека не очекува никаков политички спектакл, туку дека двата коалициски партнери создаваат привид дека нешто се менува кај нив.

Се очекува утре оставките на министрите и замениците министри од ДУИ,  да бидат ставени на дневен ред на седницата на Собранието и  да бидат констатирани.

Слично

Поврзани вести