ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПОВЛЕКУВА ПОЗНАТ АВТОМОБИЛ ОД ПАЗАРОТ ВО СРБИЈА! Еден од најпродаваните во земјата

СЕ ПОВЛЕКУВА ПОЗНАТ АВТОМОБИЛ ОД ПАЗАРОТ ВО СРБИЈА! Еден од најпродаваните во земјата

Медиумите од соседна Србија јавуваат дека од тамошниот пазар од продажба се повлекува автомобил на познат производител поради откриен проблем поврзан со активирањето на воздушното перниче. 

Како што пишуваат, компанијата Шкода веќе започна со итна акција за повлекување на неколку модели на своите возила, произведени помеѓу 1 јули 2015 и 1 јули 2016 година, поради сериозна грешка во конструкцијата на воздушното перниче на возачот.

Како што е наведено на порталот NEPRO, проблемот е откриен кај моделите CITY GO, FABIA, RAPID, YETI, OCTAVIA и SUPERB, каде што постои можност пластичниот дел во внатрешноста на воздушното перниче да се скрши при активирањето, што може да доведе до повреди на возачот и патниците.

Повлекувањето беше иницирано под шифрата „69PB“, а како дел од оваа сервисна акција, на сопствениците им беше понудена бесплатна замена на воздушни перничиња.

Медиумите јавуваат дека сите кои купиле од споменатите возила и кои сакаат да проверат дали и нивното возило е опфатено во акцијта, можат да проверат со внесување на бројот на шасијата (VIN) на веб-страницата: www.skoda-auto.rs.

Тамошните претставници на компанијата „Шкода“ велат дека станува збор за превентивна и доброволна мерка, но и дека проверката е неопходна што е можно поскоро, со цел да се избегне потенцијален ризик за безбедноста во сообраќајот.

ad
Слично

Поврзани вести