Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повлече најдолговечниот директор! Кој го превзема кормилото на империјата „Македонијатурист“?

Се повлече најдолговечниот директор! Кој го превзема кормилото на империјата „Македонијатурист“?

Наследничка на уникатниот Доне Таневски е неговата ќерка Мирјана која неколку години наназад е вклучена во високото раководство на друштвото. Од денеска Мирјана Таневска Ефремова ќе го има главниот збор во управувањето со најголемата македонска хотелиерска компанија

Мирјана Таневска-Ефремова е нова претседателка на Управниот одбор на најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“. На претседателското место Мирјана го наследи нејзниот татко Доне Таневски, македонскиот маг во хотелиерскиот бизнис и човек кој повеќе од 40 години успешно ја развива и води „Македонијатурист“. Оваа одлука ја донесе Надзорниот одбор на друштвото на својата последна седница вчера.

Доне Таневски сега ќе биде претседател на Надзорниот одбор на оваа компанија. А во Управниот одбор заедно со неговата ќерка Мирјана ќе управуваат Зоранчо Поповски и Илија Тренески.

Заедно со Доне Таневски активното раководење со „Македонијатурист“ го напушта и неговата дводецениска „десна рака“ Соња Бибановска која воедно е и втор најголем акционер во најголемата македонска хотелиерска компанија.

Мирјана Таневска Ефремова и досега неколку години наназад беше во раководната структура на компанијата и членуваше во Управниот одбор.

Надзорниот одбор на тројцата членови на Управниот одбор им додели мандат од шест години.

Што ја прави „Македонијатурист“ единствена компанија?

Најголемата хотелиерска компанија во Скопје, а воедно и во Македонија, поседува шест хотели, а четири од нив работат. Лани во март започна да работи целосно реновираниот хотел со 5 ѕвезди „Холидеј Инн“ во чие комплетно реновирање компанијата вложи 4,1 милиони евра. Во функција во април лани беше пуштен и „Хотел Карпош“ кој не работеше заради кратење на трошоци поради ковид рестрикциите.

Во функција се уште хотелите „Бест Вестерн“ во центарот на Скопје и „Белви“ во непосредна близина на автопатот Скопје – Куманово.

„Македонијатурист“ ја прави единствена тоа што е најголемиот и најуспешен инвеститор во финансиски инструменти. Од нејзините вложувања во депозити и во хартии од вредност од камати и дивиденди остварила финансиски приходи вредни речиси 1 милион евра. Книговодствената вредност на нејзините депозити, вложувања во акции, удели и хартии од вредност надминува 20 милиони евра.

Најголеми акционери во „Македонијатурист“ се нејзиниот долгогодишен директор ипретседател на Управен одбор Доне Таневски кој поседува 19,6 отсто од акциите и Соња Бибановска, член на Управниот одбор со 11,3 отсто од акциите.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести