Сè повеќе на интернет, сè помалку на фиксен телефон
Се намалува бројот на корисници на фиксна телефонија, расте оној на корисници на мобилен интернет, покажуваат податоците од најновиот Извештај за развој на пазарот на електронските комуникации за третиот квартал од 2013 година што го подготви Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Бројот на активни претплатници на мобилната телефонија во третиот квартал од годината во однос на претходниот се зголемил за околу 70.000, односно на 2.276.379 од претходните 2.202.702 корисници.
Податоците за мобилната телефонија покажуваат дека најголем удел на пазарот има „Т-Мобиле“ со 57,77 отсто од пазарот, а потоа следи ОНЕ со 24,02 отсто, додека на трето место е ВИП со 18,21 отсто.
Во овој период, вкупно 807.810 претплатници имале пристаp на Интернет преку својот мобилен телефон. Во истиот период во 2012-та година имало вкупно 619.075 претплатници, што значи пораст од над 188 илјади претплатници на годишно ниво.
Бројот на корисници на фиксна телефонија континуирано опаѓа.
Слично
