Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе Косовари бараат азил во Германија

Се повеќе Косовари бараат азил во Германија

Се повеќе косовски граѓани бараат азил во Германија.

Според статистичките податоци на Федералната канцеларија за миграции и бегалци во февруари 7728 лица од балканската држава аплицирале за азил во земјата. Тоа е два пати повеќе од претходниот месец, кога барателите за азил во земјата биле 3630 лица. За споредба, во декември минатата година едвај 1956 луѓе се пријавиле за азил.

Раст забележуваат и барателите на заштита во Берлин. Во декември азил побарале 940 лица, во јануари - 1648, а во февруари 1794.

Во февруари вкупниот број на азилантите е 26 083 лица што е повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 14 863 лица.

Инаку во 2014 година Германија забележа најсилно зголемување на бројот на имигрантите од Романија, Бугарија, Унгарија и Полска. Тој податок го пренесуваат од локалната служба за статистика.

Слично

Поврзани вести