Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе Бугари купуваат евтини имоти во Грција

Се повеќе Бугари купуваат евтини имоти во Грција

Се повеќе Бугари купуваат имот во Грција поради се пониските цени на куќите таму.

„Веќе неколку недели гледаме јасен раст на побарувањата, започнуваат патувањата до Грција за одмор и поглед на имот и сезоната постепено зема замав“, коментира извршниот директор на консултантската компанија „Bulgarian Properties“ Полина Стојкова.

Според неа нашиот јужен сосед (Грција) е најпосакувана дестинација за купување на имотот од Бугари. Барањето се концентрира во реонот на Халкидики и други области на Северна Грција, кои се блиску до Бугарија.

Кризата минатата година беше го олади интересот, бидејќи купувачите почекаа да видат за колку ќе се намалат цените. Податоците на грчката централна банка покажуваат дека цените на недвижностите се намалиле за 8% во 2015 година, што го поддржува и интересот за купување на имот таму, посочува Стојкова, пренесуваат бугарските медиуми.

Сопствениците на имоти за однор во Грција треба да знаат дека од оваа година ако ги изнајмуваат ќе плаќаат повисок данок на овој вид приходи. Дури и земјопоседници на мали станови кои примаат годишен приход меѓу 1000 и 2000 евра, ќе плаќаат повисок данок.

Предлог-законот се уште е во фаза на дискусија од грчките пратеници.

Други популарни, но поскапи дестинации за Бугарите, се Шпанија, Италија и Франција, посочуваат од „Bulgarian Properties“.

Пазарот за недвижнини за одмор во Бугарија почнува да се обновува, поддржан од заздравувањето на станбениот пазар во поголемите градови.

Разликата овој пат, сепак, е дека пазарот не се потпира на една група купувачи, како што беше пред кризата од 2008-2009 година - Британците, а потоа - Русите. Цените освен тоа се на добри нивоа и има доволно различни својства за секаков буџет.

Расте интересот на бугарските купувачи кон имот и во зимските, и во летните одморалишта. Почетокот на годината беше силеб за пазарот на недвижности во Банско. Зимските привлекле купувачи од 12 националности, вклучувајќи ги и соседните земји, така и купувачи од далечни дестинации како Канада и Нов Зеланд.

Банско привлекува купувачи од толку многу земји дека дефинитивно можеме да кажеме дека тоа е интернационално бугарско одморалиште во моментот, коментира Полина Стојкова.

Забележано е и зајакнување на интересот на бугарските купувачи на имот кон Банско. Просечната цена на продадените станови во Банско во првиот квартал е 385 евра / кв.м, а просечната вкупна куповна цена е 25 илјади евра, покажуваат податоците на агенцијата. Цените во најголемото  бугарско зимско одморалиште бележат раст во однос на просечната цена за 2015 година со околу 5%. Топ дестинација за Бугарите сепак останува Боровец, каде родните купувачи се 90 отсто од сите.

Боровец продолжува да е најскапото ски одморалиште - просечната цена за првото тримесечје на база реални договори е 585 евра / кв.м. За прв пат после многу време цената опаѓа под 600 евра / кв.м и тоа делумно го објаснува зајакнувањето на интересот.

Во моментот понудата е добра, а интерес освен кон комплексите на врвот во Боровец има и кон имот во соседните села. Во Пампорово просечната цена за првиот квартал е 400 евра / кв.м, но при прилично слаб интерес.

Руските купувачи сеуште не се вратиле на Црно Море, но активноста донекаде се компензира со Бугари и странци од други националности, тврдат од компанијата. Русите, кои пројавуваат интерес, се насочуваат главно кон поевтин имот, а одлуките за купување се одложени во времето, истакнуваат од компанијата.

Се буди и пазарот на недвижности во Сончев Брег. Интерес има и од страна на Бугари, како и од странци - Шпанци, Италијанци, Срби, Украинци, Британци.

Просечната цена на која се запечатил договорот во Сончев Брег во првите месеци од годината е 520 евра / кв.м - пад од нивоата околу 600 евра / кв.м, на кои се задржале цените во 2015 година, забележува агенцијата. Вкупната куповна цена на становите во одморалиштето во изминатите месеци е околу 27 700 евра, а се забележува намалување на буџетите од нивоата околу 35 илјади евра.

Се предвидува зајакнување на интересот за одморалиштата на југ од Бургас и најмногу кон Лозенец и Созопол. Тие се оформуваат како омилени дестинации за луѓето кои бараат имот за одморалиште од повисока класа.

Слично

Поврзани вести