Се потешко до работа во ЕУ – секој шести е невработен
Во првото тромесечје податоците за вработувањата во Европа не се воодушевувачки.
Бројките покажуваат дека во Европска Унија се забавува темпото на вработувања. Според статистички податоци, секој шести е невработен, во првите три месеци од 2016 година.
Работа нашле 15,4% од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат. Ова е полош резултат споредбено со четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18% од невработените или 3,5 милиони луѓе.
Извештајот на Евростат е составен врз основа на анкетата на работната сила и не ги вклучува податоците за Германија и за Белгија.
Данска е прва во темпото на вработување, па така секој трет невработен во таа земја, или 30,3%, нашле вработување во првите три месеци од годината.
Потоа следува Шведска, каде што работа нашле 22,5% од невработените и Австрија со 22,3%.
Во последниве години се зголемува невработеноста кај младите.
Пред две години во еврозоната имаше 18.6 милиони невработени луѓе, а во целата ЕУ беа 25 милиони жители без работа.
