Сè помалку се отвораат нови фирми во Македонија
Претприемничкиот дух е сè помал кај граѓаните на Македонија и веќе 4 години со ред бележи намалување.
Па така, бројот на ноотворените фирми во државата го продолжи трендот на намалување и минатата година.
Извештај за финансиската стабилност на земјава што го објави Народната банка бележи дека во 2014 година бројот на ноовоотворени фирми се намалил за 1,4 отсто, што предизвика и благо намалување на нивното учество во вкупниот број активни правни лица.
„Од друга страна, кризните години без економски раст сè уште манифестираат последици врз корпоративниот сектор, што се согледува како преку растот на правните лица над кои е отворена стечајна постапка, така и преку растот на апроксимативната стапка на банкротирани правни лица , која во 2014 година изнесува 3,8% или за еден процентен поен повисока во споредба со 2013 година“, се вели во извештајот.
