Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се помалку работа за градежниците од Македонија во странство

Се помалку работа за градежниците од Македонија во странство

Градежниците од Македонија се помалку се бараат во странство. Ова може да се заклучи од фактот дека во првите шест месеци од годинава за 13,9% паднал ангажманот на градежните компании.

Вкупната вредност на  договорени градежни работи во странство изнесува 2.300.778 илјади денари од јануари до јуни покажува статистиката на Државниот завод.

23,9 отсто помалку споредбено со лани изнесува градежната оператива од Македонија или во тој период се изршени градежни работи во вкупна вредност од 757.025 илјади денари.

Градежниците според податоците најмногу биле ангажирани во Холандија и Германија.

Слично

Поврзани вести