Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се помал е бројот на работно способни Кинези

Се помал е бројот на работно способни Кинези
Бројот на работно способните жители во Кина продолжил да паќа минатата година, во време кога Пекинг се соочува со демографска темпирана бомба. Кина, кон крајот на 1970-те воведе контроверзна политика на едно дете со цел да го контролира рсатот на популацијата, но нејзините жители сега стареат и кај нив доминираат машките, наведува Заводот за статистика во Пекинг, пренесува агенцијата Франс прес. Најбројната светска популација минатата година се зголеми за 6,7 милиони луѓе на вкупно 1,361 милијарди, не сметајќи ги Хонг Конг, Макао и Тајван. На 100 девојчиња, родени се 118 момчиња. Бројот на работно способните жители, кој се дефинира со старосна категорија од 15 до 59 години, е намален за 2,44 милиони на 920 милиони, зголемувајќи ја загриженоста околу тоа како државата ќе обезбеди средства за постарите од 60 години, кои во моментов ги има 202 милиони. Пострите од 60 години, во 1982 година, сочинуваа речиси пет отсто од кинеските жители, но сега нивната бројка е 14,9 отсто. Пекинг исто така објави џини коефициент - клучниот показател на нееднаквост во распределбата на доходот, со кој, нееднаквоста во рапределбата на доходот се мери на скала од 0 до 100 проценти. Некои експерти сметаат дека нивото од 0,40 претставува предупредувачка граница. Во Кина, индексот се најде на врвот од 0,491 поен во 2008 година, за да се спушти во 2013. на 0,473 поени. Јазот меѓу богатите и сиромашните е голем проблем за владеачката Комунистичка партија која се труди да ја зачува социјалната стабилност.   А.А.
Слично

Поврзани вести