Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се појави тврдење дека Путин сака да го дестабилизира Балканот

Се појави тврдење дека Путин сака да го дестабилизира Балканот

Џералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилизација (ESI), влијателен тинк-тенк од Берлин вели дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го дестабилизира Балканот. 

Според него, Европската Унија мора да ја преиспита својата политика кон Западен Балкан, инаку на регионот му се заканува понатамошна дестабилизација што може да доведе до обновување на војната, изјави .

„Москва во моментот е заинтересирана за дестабилизација на регионот на Западен Балкан“, изјави Кнаус за австриската новинска агенција (АПА). 

Тој вели дека ситуацијата, особено во Босна и Херцеговина, и натаму не е на работ на војна, но дека е напната.

После Украина, на мета се Црна Гора, БиХ и Македонија, вели Дритан Абазовиќ, кој од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го доби мандатот за формирање нова влада.

Тој рече дека е важно Црна Гора да има влада откако владата на премиерот Здравко Кривокапиќ на почетокот на февруари ја загуби довербата на пратениците во црногорскиот парламент.

Слично

Поврзани вести