Се појави руски документарец кој спомнува српски свет и повикува на „денацификација“ на БиХ
„Русија денес“ повикува на „денацификација“ на БиХ.
Руската телевизија „Русија денес“ во документарец пренесува и изјава на патријархот Порфириј за „кристалната ноќ во Задар” и говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ, во кој тој најавува дека Србија ќе се спротивстави на НАТО и на Западот затоа што, како што вели, „немаме каде да одиме”.
„Исто како што Русија успева да го денацизира, демилитаризира и ослободи рускиот свет, па ние Србите имаме право, преку специјални операции, да создадеме српски свет кој ќе живее во мир и слобода“, се објавува изјава на екстремниот српски десничар Миша Вациќ, пренесува politicki.ba.
Медиумите што ја анализираат емисијата посочуваат дека низ документарецот како нишка постојано се провлекува опасноста од избувнување војна во регионот.
„Пукотниците на граничнот премин Брњак, како пред сто години во Сараево, речиси доведе до глобална криза“, посочува „RT“ на почетокот на извештајот, зборувајќи за минатомесечните барикади на косовските Срби на граничните премини „Јариње“ и „Брњак“, недалеку од Северна Митровица.
Притоа се пренесува изјавата на Вациќ, кој вели дека „време е да се реши прашањето за Косово како што направи Русија со Крим“.
