Се поизвесно дека одложениот прогресивен данок нема да се врати
Сања Лукаревска, директорката на УЈП и потпретседател на СДСМ, најавува дека прогресивниот данок нема да се врати на 1 јануари 2023, иако со законски измени така беше решено пред три години.
Лукаревска вели дека воведувањето на профресивниот данок бил негативно прифатен во јавноста по што се направија законски измени за негово одложување до 1 јануари 2023. Сега виси и одложувањето, според директорката на Управата за јавни приходи.
- Генералната перцепција е дека сепак рамниот данок ги дава посодветните резултати по буџетот и не смееме да ја повториме истата грешка од минатиот пат без соодветна длабинска дебата да се носат одлуки. Секоја промена со повеќе разговор, дебата и анализа треба да го види светлото на денот, вели Лукаревска во емисијата „Утрински брифинг“.
Годинава нема да се менува даночниот модел, но се понеизвесно е дали тоа ќе се случи и по 1 јануари 2023 година кога истекува тригодишниот период во кој беше замрзнато прогресивното оданочување. До тогаш, а можеби и понатака ќе се применуваат стапките кои и сега се на сила – односно концептот на рамен данок. Владини извори за Фактор велат дека ако се оди на извесна промена на даночниот модел, тоа најверојатно и нема да биде класично прогресивно оданочување.
