Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се поголем интерес за осигурувањето, но потенцијалот е недоволно искористен

Се поголем интерес за осигурувањето, но потенцијалот е недоволно искористен
„Тврдам дека осигурителниот пазар во Македонија е сеуште неискористен потенцијал. Иако Податоците од Агенција за супервизија, заклучно со вториот квартал во 2015, покажуваат пораст од 7,11% споредбено со истиот период во 2014 година, сепак сме далеку од европската осигурителна слика каде осигурителниот сектор е најголемиот институционален инвеститор, со околу 9,900 био ЕУР инвестирани средства. Ова е импозантен податок, ако се земе предвид дека тоа е скоро 63% од ГДП-то на цела Европска Унија“, изјави во интервју за Фактор Гоце Вангеловски од Кроација осигурување. Тој смета дека од година во година, има се поголем интерес за осигурувањето како неопходна ставка од секојдневието. Осигурувањето прераснува во потреба. „Од бројките кај нас, интересен е податокот дека расте и бројот на нови осигуреници и тоа годинава 7,15%, во споредба со ланскиот период. Ова покажува дека осигурувањето претходно беше само наметната обврска, пример, најчести полиси беа оние кои се однесуваа  на задолжителната автоодговорност, или на осигрувања на станови кои се под хипотека. Од годинава, 35% имаме пораст кај имотното. Сменет е трендот. Од обврска, одиме кон потреба“, вели Вангеловски. ИНТЕРВЈУ ВАНГЕЛОВСКИ: Кроација осигурување ќе станува сè поуспешна приказна
Слично

Поврзани вести