Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се подобрува трговската соработка меѓу Македонија и Унгарија

Се подобрува трговската соработка меѓу Македонија и Унгарија
Расте трговската размена меѓу Македонија и Унгарија, а само во првите девет месеци има зголемување од околу половина милион долари, посочи министерот за економија Ваљон Сарачини на седница на Мешовитата македонско-унгарска меѓувладина комисија за економска соработка. Тој додаде дека растот со Унгарија е резултат на одржаните средби и на бизнис форумот, но и на повеќе потпишани договори меѓу двете земји. „Ова мора да се потенцира затоа што во услови на криза кога во земјите во регионот паѓа трговската размена во Македонија имаме навистина сериозно зголемување, и не само со Унгарија. Извозот на РМ за првите девет месеци во 2013 за разлика од првите девет месеци во 2012 расте за некаде околу 20 проценти“, соопшти минитерот. На средбата се разговарало за повеќе теми. Како што појасни Сарачини, договорено следното лето нашите студенти да може да одат на практична настава во угарските компании или, кај странските инвеститори кои имаат отворено погони во Унгарија, за да видат како таму се работи. Најави и дека утре ќе бидат потпишани три договори со унгарските претставници и тоа во областа на образованието, екологијата и културата. За Петер Сијарто, државен секретар за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на претседателот на Владата на Република Унгарија, процесот на интеграција на земјава во ЕУ би требало да се забрза и по ова прашање Македонија најави дека може да се смета на поддршката на Унгарија. Економската соработка, додаде тој, се одвива според договорениот план меѓу двете страни. Сарачини и Сијарто најавија одржувањето на нови бизнис форум предводен од премиерите на двете земји во Скопје со учество на околу 30 компании од Унгарија кои со македонски компании ќе разговараат за можностите за деловна соработка. Следната седница на Мешовитата македонско – унгарска меѓувладина комисија треба да се одржи идната година.
Слично

Поврзани вести