Се подобрила економската состојба на Бугарите, трошат повеќе
Позитивна промена во финансиската состојба во последната година има кај Бугарите.
Луѓето кои живеат во градовите, очекуваат нивните приходи да растат и понатаму, додека оние во селата го очекуваат спротивното. Ова го покажуваат податоците на Националниот институт за статистика.
Луѓето почесто планираат да купат автомобил, стан, вила или да реновираат дома. Се надеваат дека невработеноста ќе продолжи да се намалува или барем да се задржи на сегашното ниво.
Од друга страна, Бугарите ги оценуваат промените во цените како неповолни, иако не очекуваат значително поскапување во следните месеци.
Ова сепак не ги спречува луѓето да трошат повеќе, поради што е зголемена трговијата на мало.
За над една петтина се зголемила продажбата на облека, обувки и производи од кожа, а за 13% има зголемување на продажбата на храна и пијалоци на годишна основа.
