Се подготвува забрана за продажба на кучиња и мачки во продавници
Со новиот Закон за благосостојба на животните ќе им биде забрането на продавниците за домашни миленичиња низ Македонија да продаваат кучиња и мачки, потврди Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, за 24 Инфо.
Ова правило ќе биде вметнато како посебен член покрај забраната на неконтролирано размножување и задолжителната кастрација на сите женски единки ако не регистрирате одгледувачница.
Продажбата на овие домашни миленици во пет-шоповите ќе биде забранета да се врши директно на малолетни лица.
-Предложените измени на Законот за заштита и благосостојба се во насока на подобрување на одговорното сопствеништво на домашните миленици, со цел намалување на бројот на бездомни кучиња. Новините кои сега се предлагаат се во насока на унапредување на заштитата и благосостојбата на животните, пред се на поставување на основа за решавање на проблемот со бездомните кучиња и реалната опасност од нивното неконтролирано размножување – изјави Атанасов, директорот на Агенцијата.
