Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се подготвува теренска проверка на избирачкиот список

Се подготвува теренска проверка на избирачкиот список
Вкрстената проверка на податоците на гласачите е при крај, а наскоро ќе започне и теренска проверка. Од Државната изборна комисија велат дека на терен ќе се проверуваат оние гласачи, чии податоци ќе бидат сомнителни во најмалку четири бази на податоци. Избирачкиот список треба да биде ставен на увид на 17 април. Од ДИК тврдат дека ќе бидат испочитувани сите рокови и дека има време да се организираат изборите на 5 јуни. Во ДИК сметаат дека во избирачкиот список нема фантомски гласачи и дека теренската проверка ќе го докаже тоа. Од комисијата не ги коментираат  информациите  и сомневањата за можни манипулации со гласачите.  
Слично

Поврзани вести