Се плашат од инфлација и купуваат злато
Има голема побарувачка за физичко злато, особено во Германија.
Во оваа земја отсекогаш постоел голем страв од инфлација. Податоците од Светскиот совет за злато, покажуваат дела Германците во првата половина од оваа година купиле 83,5 тони злато. Со ова тие се дури и пред Кинезите.
Во првиот квартал побарувачката двојно порасна, а истата пракса продолжи и во вториот квартал. Инвестициите во злато привлекоа многу нови купувачи кои сакаат да заштитат барем дел од нивните средства од инфлацијата што ја очекуваат поради големото печатење на пари од централната банка.
Цената на златото се искачи над 2.000 долари за време на викендот.
Слично
