Се пензионирал на 34 години, еве како...
Оваа година во август Американецот Брендон успеа да се пензионира на 34 години.
Тој одлучил да живее на село во Вермонт каде по одбивање на данок заштедил 70% од приходите.
Во 2014 година со сопругата која е финансиски независна се преселиле во Шкотска, каде тој работел и успеал да заштеди доволно пари за да се пензионира на 34 години.
„Отсекогаш сакав да бидам финансиски независен, а не да се пензионирам предвреме. Не ми беше целта да не работам, туку да имам време да се посветам на работите кои ги сакам“ - вели тој.
Со текот на годините увидел дека не е сè во штедењето.
Одреден период штедел многу и вели дека оние кои сакаат млади да се пензионираат не треба да се опседнати со штедење.
„Еден долар повеќе на сметка во банка нема да ве направи среќни“ - вели Брендон.
Тој вели дека раното одење во пензија не треба да ги ограничува луѓето, туку да им даде моќ и да им помогне да уживаат во животот.
