Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

Соседна Грција скоро целосно ќе се врати во „новата нормалност” до 1 јули. 

Постепено ќе се отвораат бизнисите на 6, 8, 15 и 29 јуни.

За три дена се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите.

Дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде меѓу 90 сантиметри и еден метар и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.

На плажите ќе биде дозволена музика и алкохол, а од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците. 

Од 15 јуни работат фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, но секако сите ќе работат под конкретни правила и прописи, јави дописничката на МИА од Атина.

Сепак, на плажите има посебни правила за дистанца и за тоа колку капачи смее да има. 

Во Грција има нов протокол за плажите, при што ќе мора да се држи дистанца од 4 метри меѓу чадорите. На плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни. 

Македонските граѓани ќе можат да патуваат во Грција. 

Гости од 29 земји од 15 месецов можат да влезат во Грција. 

Слично

Поврзани вести