Се отвора новата фабрика на „Ван Хул“ во Бунарџик
Новиот капацитет на фабриката за производство на автобуси „Ван Хул“ ќе биде отворен денеска во технолошко-индустриската развојна зона - Скопје 1.
Белгиската компанија за производство на автобуси почна со работа во Македонија во јули минатата година, а првичната инвестиција беше 20 милиони евра.
На денешното отворање на новиот погон ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.
Капацитетот на „Ван Хул“ е прв од фабриките во македонските индустриски зони кој произведува конечен готов производ, а оди под брендот „произведено во Македонија“. Голем дел од производниот процес веќе вклучува компоненти од македонско производство, а произведените автобуси се извезуваат
Слично
