Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се отвора катната гаража „Солунски конгрес“ кај МЕПСО

Се отвора катната гаража „Солунски конгрес“ кај МЕПСО
Во центарот на Скопје од денеска ќе функционира уште една катна гаража - во чест на 8 Септември ќе биде отворена катната гаража „Солунски конгрес“ во близина на МЕПСО. Објектот, што е предвидено да го отвори премиерот Никола Груевски, има паркинг места за 280 автомобили, а зафаќа над 8 илјади квадратни метри и висина од 29 метри. Проектант на гаражата е „ГМС-проект“ од Скопје, а изведувач на градежните активности е „Гранит“ од Скопје. Ова ќе биде првата целосно целосно автоматизирана гаража во Скопје. Паркирањето ќе биде автоматско со лифт, што значи при паркирање на возилата ќе биде исклучен човечкиот фактор. Лифтовите ќе бидат на влезот на објектот, во подрумските простории. Возачите ќе ги оставаат возилата до лифтовите, ќе имаат обврска само да го земат билетот. Потоа, возилата автоматски ќе бидат преземени од лифтовите и ќе се носат до слободните паркинг-места. Надлежните најавуваат дека поради ваквиот начин на паркирање, користењето на услугите во оваа гаража ќе биде поскапо од останатите, но не драстично, затоа што се троши повеќе струја за нејзина работа. Со гаражата ќе стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое во објектот инвестираше 5,8 милиони евра.
Слично

Поврзани вести