Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се отвара „Техникал текстајлс“ во Штип

Се отвара „Техникал текстајлс“ во Штип

Денес се отвара фабриката на германската компанија „Техникал Текстајлс“ во ТИРЗ Штип, а на отварањето ќе биде присутен и премиерот Никола Груевски.

Фабриката ќе произведува изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија.

Во почетните најави беше споменато дека  500-600 луѓе ќе се вработат во фабриката, а инвестицијата е вредна 12 милиони евра.

Фабриката ќе биде со површина од 9.000 метри квадратни.

Вработените, по изборот, ќе бидат испратени на обука во Словачка, а доколку фабриката работи добро нивниот број ќе се зголеми над 1.000, најави сопственикот Џенс Ванланд.

„Сакаме што поскоро да почнеме со производство. Гледаме голема иднина во Македонија, особено од аспект на економијата. Ова е многу добро место за инвестирање. Ако стартуваме добро, ќе повлечеме и други вложувачи тука, наши партнери“, нагласи при потпишувањето на договорот Ванланд.

За инвестирање во Македонија, рече Ванланд, се одлучиле поради исклучителните даночни поволности. Најпрво сакале да вложат во Абу Даби, но се откажале заради сложените бирократски процедури.

Договорот за оваа инвестиција беше потпишан во април годинава.

Премиерот неодамна најави и нови странски инвестиции од септември, но засега не се откриваат повеќе детали.
Слично

Поврзани вести