Се отвара фабриката Продис во Бунарџик
Рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“ денеска свечено ќе ја отвори својата фабрика Продис во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - Бунарџик.
Продис ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. Дури 95 отсто од производството ќе биде наменето за странските пазари пред се во Русија.
Вкупната инвестиција е во вредност од пет милиони евра и ќе се одвива во две фази. Во првата фаза се отвора производниот капацитет со површина од 4.000 метри квадратни во кој ќе работат 130 лица, а во втората фаза, до 2015 година, ќе следи доградба на производниот објект за уште 3.500 метри квадратни и 130 нови вработувања.
Слично
