Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се отвара фабриката „Кемет електроникс“ во Бунарџик

Се отвара фабриката „Кемет електроникс“ во Бунарџик
Денеска, во Бунарџик се отвара фабриката на американската компанија „Кемет електроникс“. Првичната инвестиција е планирана на 12 милиони евра со 200 вработувања, а доколку работата оди добро,  таа ќе достигне до 25 милиони евра и 500 вработувања. Фабриката е изградена на локација од 4,4 хектари земјиште, а објектот зафаќа површина од 10 илјади метри квадратни. Ова е четврта фабрика во Бунарџик. „Кемет електроникс“ е еден од најголемите светски добавувачи на производи што се користат во речиси сите електронски уреди. Компанијата има седиште во Јужна Каролина, а производствени објекти во Мексико, Кина, Италија, Англија, Финска, Шведска, Португалија, Индонезија, Германија, Бугарија, како и два истражувачко-иновациски центри во САД и Германија. Произведува над 30 милијарди парчиња производи годишно, вклучувајќи и специјализирани уреди за индустрии од областа на авионската, автомобилската индустрија, комуникациски системи, компјутерска и воена опрема. Д0 март годинава, оствари продажба од над 1 милијарда американски долари.
Слично

Поврзани вести