Се откажала од успешна кариера во Австрија и успеала во Хрватска
Млада Хрватка се вратила во родниот крај на мајка си за да отвори слаткарница.
Мариела Крањец ја напуштила работата во елитен хотел во Австрија и се вратила во родната Хрватска каде успеала со свој бизнис.
Луѓето на почеток биле скептични околу нејзината идеја за отоварање на слаткарница, затоа што многу хрватски граѓани го прават обратното и заминуваат во Австрија или Германија. Сепак и помогнале да ги среди сите потребни документи и да извади дозволи за работа.
Откако почнала со работа за брзо време стекнала купувачи од цела Славонија, Ријека, Загреб.
Потоа почнала да соработува со компании кои нудат кетеринг.
„Работата тргна многу добро, така што не можев да одговорам на сите нарачки, бидејќи сакав максимално да се посветам на купувачите. Ако оваа недела имам голема нарачка за свадба, не земам ништо друго, затоа што сакам да биде најдобро“ - раскажува оваа млада девојка од Брестовац, која свој бизнис има веќе една година.
Таа е благодарна на сите роднини, пријатели, соседи за поддршката која ја добила од нив.
