Се огласи српскиот принц Караѓорѓевиќ: Елизабета Втора беше симбол на единство
Принцот Филип Караѓорѓевиќ синоќа за Танјуг по повод смртта на британската кралица Елизабета Втора изјави дека таа имала одредена моќ да се вклучи во одредени процеси и додаде дека смета дека тоа е важен начин на владеење за 21. век.
Тој нагласи дека животот на кралицата е многу значаен за многу луѓе во Обединетото Кралство, но и ширум светот.
Принцот Филип Караѓорѓевиќ истакна дека верува оти монархијата трае затоа што носи добри одлуки за иднината и дава чувство на стабилност и единство на целата земја.
„Кралицата беше симбол на единство и стабилност за целата земја и за целиот Комонвелт“, додаде принцот Филип Караѓорѓевиќ.
Тој изјави дека континуитетот и важноста на семејството е клучен елемент на монархијата, која кралицата многу добро ја разбирала и ја негувала.
Принцот Филип Караѓорѓевиќ исто така истакна дека кралицата била соочена со многу предизвици и тешки периоди за време на нејзиното владеење.
Последните 10 години од нејзиното владеење ги одбележа Брегзит, но таа остана достоинствена и силна низ сето тоа и успеа да го преброди сето тоа, заклучи принцот Филип Караѓорѓевиќ.
