СЕ ОГЛАСИ СРПСКАТА ЛЕКАРКА КОЈА СПАСИ ЖЕНА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА - да изгубеше уште половина литар крв, немаше да ја спасиме
По година и пол борба против коронавирусот, уморни, исцрпени и измачени медицински работници конечно чекаа да ги соблечат костимите, ракавиците, маските и визирите и да се одморат од болниците и здравствените центри.
Меѓу нив беше и анестезиолог од Белград, која одлучи летниот одмор да го помине на Тасос, каде по несреќата на море и помогна на повредена жена, и го спаси животот и уште еднаш докажа какви херои се медицинските работници, пишува Курир.рс.
Јавноста слушна за сериозната несреќа што се случила на туристка од Бугарија на плажата Парадај, Грција, во вторникот, на 27 јули, преку социјалните мрежи и брзо се дозна дека во спасувачката операција и прва помош учествувала и Србинка.
Овој анестезиолог од Белград, која сакаше да остане анонимна, раскажа што точно се случило тој ден.
„Беше 27 јули, жена на околу 35 години беше со својот партнер на глисер и падна врз пропелерите на тој брод. Доби четири сериозни исеченици на бутовите, кои достигнуваа до коските, а имаше и расекотина на левата аксила. Со врзување на екстремитетите, го прекинавме крварењето“, објаснува анестезиологот со 17 -годишно искуство.
