Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ СПЦ: Влошена е состојбата на патријархот Иринеј кој е во болница поради ковид

СЕ ОГЛАСИ СПЦ: Влошена е состојбата на патријархот Иринеј кој е во болница поради ковид

Се огласи Српската православна црква. Тие соопштија дека здравствената состојба на патријархот Иринеј се влошила во текот на ноќта.

„Имаше влошување на општата состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј, како последица на КОВИД 19. Постојаниот совет на лекари во присуство на лекари ја следи општата и клиничката состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј. Јавноста ќе продолжи да се информира за здравствената состојба на Неговата Светост“, објави Српската православна црква.

Патем, за патријархот се грижи совет на лекари на чело со командантот на болницата, полковник доцент Иво Удовичиќ.

Да потсетиме, патријархот Иринеј е во Воената болница во Карабурма од 5 ноември, каде што беше примен по позитивно размаска на назофаринксот за вирусот корона, за следење и лекување.

Слично

Поврзани вести