Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи раководството на „Дрекселмаер“: Платите кај нас се над минималните!

Се огласи раководството на „Дрекселмаер“: Платите кај нас се над минималните!
Менаџментот на фабриката на „Дрекселмаер“ во Кавадарци остварил средба со вработените кои цел ден штрајкуваа незадоволни заради ниските плати и неисплатените празнични дневници, соопшти вечерва раководството на компанијата. „Основната месечна плата која што групацијата „Дрекслмаер“ ја исплаќа на своите вработени е над законската минимална плата во Македонија. Освен ова, „Дрекслмаер“ им обезбедува дополнителни исплати и услуги на вработените, како исплата за работа во смени, бонуси за остварени цели, исплата за прекувремена работа, медицинска нега во самата фабрика, како и бесплатен оброк“, стои во соопштението на компанијата. Од раководството сметаат дека се работи за „недоразбирање“ заради кое реагираат вработените. „Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќаат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа нето-плата. „Дрекслмаер“ се придржува на превземените обврски кон вработените. Транспортот за вработените веќе долг период се одвива без проблеми. Дневно околу 30 автобуси во смена ги превезуваат вработените до нивното работно место и ги враќаат пак до нивните домови. Дополнително на вработените кои живеат на поголема одалеченост и за кои нема организиран транспорт им се исплаќаат транспортни трошоци“, наведуваат од раководството. Во писмената изјава се нагласува дека „Дрекселмаер“ ги школува и квалификува своите вработени, а со тоа младите луѓе добиваат перспектива за иднина. „Со над 4.000 вработени Дрекслмаер Групацијата е најголемиот работодавач во Македонија. Дрекслмаер одговорно ја превзема својата социјална и општествена улога“, соопшти раководството на оваа компанија. Од таму потсетуваат дека претседателот Ѓорге Иванов заедно со заменик премиерот и министер за економија Владимир Пешевски ја посетиле фабриката, а еден месец подоцна и министерот за финансии Зоран Ставрески, при што констатирале дека „Дрекслмајер“ создава и обезбедува многу работни места во Македонија.
Слично

Поврзани вести