Се огласи НДП, не одат на избори на 5 јуни
Националната демократска преродба нема да учествува на изборите на 5 јуни, сè додека не се најде решеније за нормално функционирање на државата, информираат од партијата.
НДП соопшти дека во континуитет имаше непоколебен став во врска со организирање на парламентарни избори, дека избори може да има само по решавање на најзначајните проблеми и затоа оваа максима продолжува да биде непоколебена и по едностраното распуштање на парламентот.
Од партијата сметаат дека изборите во ниту еден момент не може да доведат до решенија, без разлика што режимот на ВМРО-ДУИ мисли дека изборите се решение.
Слично
