Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ МЕТА СО ГНЕВ ДО ПОЛИЦИЈАТА - како да идат туристи ако плажите ни се Див запад

СЕ ОГЛАСИ МЕТА СО ГНЕВ ДО ПОЛИЦИЈАТА - како да идат туристи ако плажите ни се Див запад

По вооружениот конфликт во туристичкиот град Велипоја, во кој беа убиени четири а две лица се повредени, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад”.

Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви.

Додава дека подолг период ги повикувал државната полиција и другите структури за безбедност и спроведување на законот, да направат сè за да ја држат под надзор територијата на земјата, каде има зголемен ризик од конфликти, со цел навреме да се спречат сериозни кривични дела.

„Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, но од друга страна сериозно ја нарушуваат сликата за Албанија кај домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња на Дивиот запад. Значи, во оваа ситуација, која се чини излезе од контрола и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од цинична пропаганда, која не може да ги покрие вистините, за кои сите гледаме“, наведува Мета во реакцијата.

Јавниот ред и безбедност, оценува, се сериозно нарушени и бараат нови ефикасни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните.

Во меѓувреме, како што пренесуваат албанските медиуми, дел од туристите вознемирени и загрижени за сопствените животи почнале да ја напуштаат Велипоја.

Слично

Поврзани вести