СЕ ОГЛАСИ КУРТИ ПА СЕ ЗАКАНИ СО КАЗНИ: Изречени повеќе од 900 опомени за таблици, еве што најавува
Албин Курти изјави дека бројот на предупредувања дадени на Србите поради непререгистрирани регистарски таблички во РКС надмина 900 и нагласи дека по 21 ноември треба да почнат да се применуваат казните, пренесува Кљан Косова.
„Денеска е надмината бројката од 900 опомени издадени на српски државјани кои имаат нелегални регистарски таблички. Казните треба да се применат по 21 ноември“, рече Курти.
Врз основа на одлуката на косовските власти, на 1 ноември издадени се предупредувачки огласи за возачите кои не ги пререгистрирале возилата со регистарски таблички РКС.
Висината на казната што ќе се изрече од 21 ноември, како што соопшти полицијата, ќе изнесува 150 евра.
Слично
