Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ЕСМ: Склучивме валиден договор со понудувачот кој даде пониска цена во моментот на носење на одлуката

СЕ ОГЛАСИ ЕСМ: Склучивме валиден договор со понудувачот кој даде пониска цена во моментот на носење на одлуката

Се огласи државната ЕСМ околу набавката на гас од бугарската компанија Балкан Јутилитис.

Тврдат дека го избрале понудувачот кој имал испратено пониска цена во моментот на носење на одлуката, а тоа е Балкан Јутилитис, и дека со таа компанија е склучен валиден договор, кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, и тоа количина, цена, динамика, но и гаранција за испораката за потребните количини.

„ЕСМ Продажба во декември 2022 година објави повик и спроведе постапка за набавка на природен гас за месец јануари 2023 година за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата.

Јавниот повик беше достапен за сите домашни и странски компании, додека до сите активни лиценцирани трговци и снабдувачи во Р. Северна Македонија беше испратена и директна покана за поднесување понуда.

На повикот беа добиени две понуди за испорака на природен гас, од Макпетрол со цена од 116,20 e/MWh и од Балкан Јутилитис со цена од 115,97 е/MWh.

На денот на носење на одлуката за избор, цената на природниот гас на берзата изнесуваше 137 e/MWh.

Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака“, се вели во соопштението кое го добивме од ЕСМ.

Сепак, Фактор се уште не доби одговор од која банка е гаранцијата што ја издале Балкан Јутилитис, со која би се гарантирало дека компанијата ќе ги испорачува потребните колични и доколку дојде до зголемување на цените на гасот на светските берзи. 

Инаку, од ЕСМ информираат и дека ЕСМ Продажба во текот на јануари ќе спроведе јавен повик за набавка на природен гас за февруари 2023 г, со дефинирани услови.

Слично

Поврзани вести