СЕ ОГЛАСИ ДАЧИЌ ОТКАКО ГРОМ УДРИ ВО АВИОНОТ: Кажа што го спасило од сигурна смрт
Вистинска драма се случила на небото над Словенија. Гром удрил во владиниот српски „фалкон“ со кој Ивица Дачиќ, првиот потпреседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи тргнал за Љубљана.
Присебноста на пилотот била клучна авионот безбедно да биде приземјен на љубљанскиот аердром, а Дачиќ го продолжил патот кон Блед, каде учестува на стратешки форум.
-Пилотот беше присебен. Не беше непријатно, но ми рекоа дека авионот никаде не е уништен. Одиме понатаму - рекол Ивица Дачиќ по ударот на гром.
Се се случило околу 20,50ч на небото над Љубљана. Авионот влетал во бура. Инаку, силното невреме вчера ги погоди и Словенија и Хрватска, каде во рок од само два часа се забележани повеќе од 20 000 молњи.
Слично
