Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одложува проширувањето на Шенген со Бугарија и Романија

Се одложува проширувањето на Шенген со Бугарија и Романија
Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи кој ќе заседава утре во Луксембург, ќе расправа за проширувањето на Шенген, но нема да донесе одлука за ова прашање, пренесуваат агенциите . Кандидатурите на Бугарија и Романија ќе бидат разгледани во март 2013 година. За да биде донесена одлука за проширување на безвизната зона, таа мора да биде поддржана едногласно од сите министри на седницата. Три земји сепак се противат на проширувањето на Шенген и кон Бугарија и Романија. Причина за ова како што пренесуваат медиумите не се неисполнувањето на  потребните критериуми, но распоредот за проширување на Шенген се одложува поради последните политички промени во Унијата - изборите во Холандија и настаните во Романија. Освен тоа, донесувањето на одлука за проширување на зоната е поврзано со извештајот на Европската комисија за Романија, кој треба да биде изготвен до крајот на оваа година.  
Слично

Поврзани вести