Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одложува покачувањето на платите во државната администрација

Се одложува покачувањето на платите во државната администрација
Наместо во декември годинава, вработените во јавниот сектор повисоки плати за 5 проценти ќе имаат од октомври идната година, одлучи македонското Собранието каде денеска по скратена постапка беше изгласан Законот за изменување на Законот за исплата на платите. Како што образложи заменик министерот за труд и социјална работа, Ибрахим Ибрахими платите во јавниот сектор не можат да бидат зголемени поради кризата. Опозициската СДСМ не го поддржа законот, бидејќи, а укажаа и дека власта по петти пат го одложува зголемување на платите во администрација. Според пратеникот Горан Мисоски, парите за плати отишле за спменици и реклами. „Сакам да ви кажам неколку факти зошто Владата се одлучи по 5 пат да не ги покачи платите. Тие ветуваните 5% и за 2014 година 10%. Па сите пари отидоа во Италија, во леарниците во Италија.Целиот проект Скопје 2014 година и тие 500 милиони евра господ знае по кои џебови отишле. Е затоа нема плата за државната и јавната администрација.Средствата кои сте ги потрошиле за рекламирање од типот, отвори го срцето-отвори ја душата, читај книги, не пуши, не абортирај, за овие 4 реклами се само потрошени 4 милиони евра. Таму се парите“, обвини Мисоски.
Слично

Поврзани вести