Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одбележуваат 21 година од масакрот во Сребреница

Се одбележуваат 21 година од масакрот во Сребреница

Денеска се навршуваат  21 година откако силите на Војската на Република Српска на 11 јули 1995 година, влегоа во Сребреница и убија околу 8.000 луѓе.

Во меморијалниот центар во Поточари денеска ќе бидат погребени остатоците на уште 127 идентификувани жители на Сребреница кои биле убиени тогаш.

Мајките, сестрите, браќата, и други роднини и оваа година ќе се простат од своите најмили кои ги виделе пред 21 година.

Ќе биде обавена молитва во чест на мртвите, а меѓу тие 127 жртви имало и 12 малолетници.

Најмладата жртва е Авдија Мемиќ(14), а најстарата жртва е Мустафа Хаџовиќ.

Досега во Поточари се закопани 6.377 жртви.

Една година откако српскиот премиер Александар Вучиќ беше каменуван во Поточари и откако истрагата за тоа не даде резултати, од Сребреница стигна порака дека српскиот државен врв сепак повеќе не е пожелен во Меморијалниот центар.

Слично

Поврзани вести