Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одбележува Меѓународниот ден на трудот

Се одбележува Меѓународниот ден на трудот

Меѓународниот ден на трудот денеска ќе биде одбележан во Македонија, но протести нема да има.

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го одбележи 1 Мај со кампања за организирање и мобилизирање ново членство. Оваа кампања ќе се спроведува во текот на целата година, а ќе биде концентрирана на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права. ССМ ќе бара вклучување во сите процеси кои водат кон унапредување на социјалниот дијалог, повеќе и подобри работни места, унапредување на информирањето и консултирањето, учество во економското управување, унапредување на процесот на колективно преговарање и договарање, обезбедување услови за здрави и безбедни работни места, сигурни и зголемени плати, економска и родова еднаквост и обезбедување збогатени социјални права и слично.

Масовни протести за 1 Мај одамна немало во земјава. Од 2010 година па наваму по повод 1 Мај се организираат кампањи за заштитата на работничките права.

Слично

Поврзани вести