Се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Седма година по ред, 23 Октомври е неработен ден и се празнува како државен празник односто како Денот на македонската револуционерна борба. Одбележувањето доаѓа како признание за формирањето на Македонскиот револуционерен комитет, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, од страна на Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев. Од Комитетот подоцна се создава Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација-ВМРО или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација - ВМОРО.
Како што стои во историјата, формирањето на ВМРО означува почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и НОВ носи до создавање на самостојната македонска држава
Денеска напладне во Спбранието ќе биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2013 година во областа на културата и уметноста. Годинава добитници се оперската певица Ана Дурловски, писателите Џабир Ахмети и Михаил Ренџов и ликовниот уметник Ставре Димитров-Стадим.
Вечерва во новиот објект на Македонскиот народен театар ќе биде одржана свечена академија, а во Музејот на македонската борба ќе биде изложена нова копија на црешовото топче. Шестдневната културна програма за одбележување на овој ден ќе заврши со изложба на филателистичко-картофилската збирка на Бранислав Светозаревиќ, каде ќе бидат претставени пригодни коверти и разгледници, поштенски марки и жигови од неговата колекција.
Слично
